СДСМ: Покрај заштедите, ќе скратиме уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци од Буџетот

Од:

„Владата предводена од СДСМ подготвува ребаланс на Буџетот со кој дополнително ќе се скратат уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци. Ова е дополнително на кратењето од 8% на тековните расходи минатата година и дополнителните мерки кои што се направија во првите 100 дена од Владата за ограничување на трошоците“, соопшти СДСМ.

„Со кратење на непродуктивните трошоци и заштедите се отвора можност за нови мерки за граѓаните и компаниите за амортизирање на ударот од светската економска криза.

Веќе се реализира пакет мерки во вредност од 400 милиони евра за заштита на стандардот на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите.

Со намалување на ДДВ на нула отсто за основните прехранбени продукти, намалената акциза за горивата, субвенционирањето на сметки за електрична енергија сериозно се намалуваат трошоците на семејствата на месечно ниво.

Дополнително е воведена тримесечна финансиска поддршка од по 1.000 денари за пензионерите и за семејствата во социјален ризик за полесно да се справат со последиците од кризата.

СДСМ во време на светска економска криза продолжува со политики што значат вистинска грижа за сите категории граѓани“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Каевски: СДСМ ги штити националните интереси, ВМРО-ДПМНЕ прави штета со Бугарија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лажеше и ги поткопуваше државните позиции со Бугарија

СДСМ: Исплатени 1,3 милијаради денари субвенции за 17.000 тутунари, се грижиме за земјоделците

Каевски: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се извини, а потоа да побара одговорност од Мицкоски за рушењето на државните позиции

(ВИДЕО) Каевски: Доста беа лаги од Мицкоски, да се извини и да ги поддржи државните позиции со Бугарија

Ана Ололовска