СДСМ: По 3.000 денари месечно за младите работници вработени во производството и земјоделството

Од:

„СДСМ во пракса ја спроведува определбата за континуирно вработување на младите преку конкретни мерки со кои се стимулираат политиките за намалување на невработеноста, а со тоа и спречување на одливот на младинската популација.

Но, СДСМ презема и мерки за стимулирање на младите кои се веќе вработени.

Последна во низата е Законот за младински додаток со кој државата обезбедува по 3.000 денари месечна исплата на вработените во дејностите на производство до 23 годишна возраст, за самовработените, за вработените преку приватна агенција, како и за младите индивидуални земјоделци.

Со оваа мерка ќе се подобри животниот стандард на младите, но ќе се стимулира и атрактивноста на стручните занимања за кои постои голем интерес на пазарот на трудот“, соопштуваат од СДСМ.

„Позитивен ефект ќе имаат и работодавачите на кои, преку оваа мерка, им се излегува во пресрет со квалификувана работна сила, која тие постојано ја бараат помеѓу младите.

Овој младински додаток, кој во иднина може и да се зголеми, заедно со мерките за зголемување на интересот за стручно образование, зголемениот фонд на оперативните мерки за вработување, како и тренинзите за барани профили на пазарот значително ги менуваат условите за работа на младите.

Потврда дека ја водиме државата на прав пат преку младинските политики се бројките за невработеноста кај младата популација. Во 2016-та процентот на невработени беше 48 отсто, а до крајот од 2019-та е намален на 35 отсто.

Ваквото драстично намалување на невработеноста кај младите преставува доказ дека СДСМ води грижа за новите генерации, но и поттик да продолжиме посветено да спроведуваме мерки за нови вработувања и мерки за подобрување на материјалната сигурност кај вработените“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов