СДСМ: Парламентарното мнозинство предводено од нас ќе обезбеди недела неработен ден и повисоки плати за работниците

Од:

Од СДСМ преку соопштение велат дека тие со парламентарното мнозинство во континуитет покажуваат дека се на страната на работниците.

„Оттаму, целосно го разбираме барањето на Сојузот на синдикати за деблокирање на законите кои се во интерес на работниците.

Работниците со право бараат заштита, а СДСМ и стабилното парламентарно мнозинство се единствената опција за заштита на работничките права.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе ги исполни барањата на синдикатите и работниците.

За недела неработен, за повисока минимална плата, единствено решение е ново парламентарно мнозинство и Влада предводени од СДСМ и тоа ќе се случи во следниот период.

Блокадите и опструкциите на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат поразени, СДСМ и парламентарното мнозинство ќе обезбедат недела неработен ден и повисоки плати за работниците и како и досега ќе продолжат да работат во интерес на граѓаните“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80 отсто од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје