СДСМ: Парите назад кај граѓаните е реален концепт, само со Мој ДДВ се враќаат 3 милиони евра

Од:

„Политиките и мерките на СДСМ кои се насочени кон враќање на парите назад кај граѓаните ги даваат своите резултати.

Во таа насока е и мерката МојДДВ, преку која 15% од данокот на додадена вредност, кој го плаќаат граѓаните, се враќа назад, во нивниот буџет.

Исплатата на првите парични средства од мерката Мој ДДВ е во тек. 186 милиони денари или над 3 милиони евра, се враќаат назад на сметките кај граѓаните кои скенирале сметки за периодот јули август и септември оваа година.

Успешноста на мерката МојДДВ, се гледа и во тоа што граѓаните не само што добиваат денар плус на својата сметка, туку тие се и даночни инспектори и директно помагаат во сузбивање на сивата економија“, велат од СДСМ.

„Мерката МојДДВ е само еден од начините преку кој државата покажува вистинска грижа за граѓаните и се повеќе пари завршуваат во нивниот семеен буџет.

Концептот Парите назад кај граѓаните е реален и дава видливи резултати.

Како одговорна партија, продолжуваме со мерките што обезбедуваат економски раст и повеќе пари во секое семејство, кај секој граѓанин“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески