СДСМ: Нов раст на минималната плата на 14.500 денари, дополнителни 66.000 денари годишно ќе завршат кај секој работник

Од:

„СДСМ продолжува со креирање и имплементација на мерки и политики кои парите ги враќаат назад кај граѓаните.

Минималната плата расте на историски највисоки 14.500 денари.

Со декемвриската плата, околу 90.000 граѓани ќе добијат покачување на месечните примања.

За неполни 2 и пол години минималната плата порасна за 5.500 денари што овозможува годишно дополнително 66.000 денари да завршат назад кај секој работник“, велат од СДСМ.

„Концептот за враќање на парите кај граѓаните и работниците е на прав пат и дава вистински резултати.

Дополнително како стимул за приватниот сектор, се донесе Закон за субвенционирање на социјалното осигурување за сите претпријатија кои ќе покачат плата на нивни вработени до 6.000 денари.

Разликата помеѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од очигледна.

Додека опозицијата не гласа за донесување на закони кои ги враќаат парите назад кај граѓаните и ја докажува нивната криминална матрица, СДСМ преку одговорни политики покажува што значи вистинска грижа за граѓаните и враќање на парите во секој семеен буџет“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Николова: Силјановска треба да се извини за навредите кон Пендаровски и Ковачевски

Горан Наумовски

СДСМ: Силјановска во матрицата на ДПМНЕ, ги навредува Пендаровски и Ковачевски и покажува нервоза

Горан Наумовски

СДСМ: Пендаровски и Ковачевски со план пред граѓаните, Силјановска и ДПМНЕ со навреди

(ВИДЕО) Ковачевски: Си ги знаеме грешките, пред граѓаните е изборот за европска иднина на државата

Каевски: ДПМНЕ го врати речникот од 27 април со нападите врз Пендаровски