СДСМ: Над 322.000 пензионери од јануари добиваат повисока пензија за 900 денари

Од:

„Владата предводена од СДСМ преку одговорно и домаќинско работење покажува што значи вистинска грижа за граѓаните.

Го враќаме достоинството на пензионерите, обезбедуваме значителен раст на пензиите.

Веќе со јануарската пензија пензионерите ќе добијат покачување од 700 денари. Дополнително, ќе се реализира и законското усогласување на пензиите кое ќе изнесува од 160 – 200 денари.

Тоа значи дека над 322.000 пензионери ќе добијат покачување од 860 до 900 денари, почнувајќи веќе од јануарската пензија, што е најголемо покачување на пензиите во последните години“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Со последното покачување, просечната пензија ќе изнесува 15.500 денари и ќе порасне за 1.746 денари во однос на 2016 година.

Растот на економијата и платите овозможи приходите во Фондот за пензиско осигурување да пораснат за 10 проценти и затоа следува реално зголемување на пензиите.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулираше со пензионерите, не го следеше законското усогласување и во пензиите интервенираше само ад хок пред избори.

Денес, грижата за пензионерите е на прав пат.

Како одговорна партија пред граѓаните, продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, раст на платите и пензиите и повеќе пари кај граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов