СДСМ: На протестот недостигаа вистински земјоделци, исплатени 314 милиони евра субвенции

Од:

„Безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ кулминира со организирање на партиски протести, тоа е доказ дека опозицијата е безидејна и очајна.

На наводниот протест на земјоделците наместо вистински земјоделци, присуствуваа истакнати партиски функционери, претседатели на месни кометити, на Општински комитети на Неготино на Радовиш, семејства на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, вработени во државни институции кои глумеа лажни загрижени земјоделци.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ вистински се грижи за земјоделците и го враќа достоинството на земјоделството.

Доказ за успехот на аграрните реформи на СДСМ се официјалните информации“, соопштуваат од СДСМ.

„195 милиони денари се исплатија во два дена за дополнителната субвенција од 5 денари за килограм предадена оризова арпа и за субвенцијата за предадено млеко, пари кои што директно легнаа на сметките на вкупно 7.872 земјоделци.

Владата предводена од СДСМ донесе одлука за дополнителна субвенција за предадено јагне во износ од 400 денари за да се намалат загубите на одгледувачите на овци поради ниската откупна цена.

Со ребалансот на буџетот, обезбедени се нови 915 милиони денари за субвенции за дополнителни мерки кои ќе ги добијат земјоделците за различни видови земјоделски производи.

Досега Владата исплати 314 милиони евра за поддршка на земјоделците, а се исплатија и заостанатите долгови кои ВМРО-ДПМНЕ ги остави за неисплатени субвенции во 2014, 2015 и 2016 година.

Грижата за земјоделците е на прав пат, аграрните реформи даваат резултати, се повеќе пари завршуваат кај земјоделците, се обезбедува поконкурентно земјоделство“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

(ВИДЕО) СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК