СДСМ: Минималната плата од 1 јануари ќе биде 18.000 денари, просечната порасна на 28.642 денари

Од:

„Овие избори се од исклучителна важност за нашите општини, за државата, затоа што исходот го трасира патот кон напредокот и развојот или кон враќање назад во мрачното режимско време. Вистинскиот пат е со СДСМ, бидејќи изминатите четири години поставивме високи економски стандарди“, соопшти СДСМ.

„Минималната плата ја покачивме на 15.200 денари, а таа до пред четири години беше 9.000 денари.

Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари или триста евра согласно економските движења и растот на економијата.

Државниот завод за статистика објави дека просечната плата за август оваа година изнесува 28.642 денари, што е за четири отсто повисока од истиот месец од претходната година.

Тоа е вистинскиот пат по кој треба да се движи нашата земја, нашата економија.

За да продолжи овој тренд на економски раст и развој, за да продолжи помошта кон граѓаните, кон стопанството треба да се даде гласот за опцијата која води напред.

А опцијата која води напред е СДСМ и Коалицијата, тоа е најдоброто за нашите општини, за нашата држава.

Затоа на 31 октомври, гласајте за број 12, за да продолжи напредокот“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

(ВИДЕО) СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК