СДСМ: Мицкоски се фали со резултатите од нашите економските политики за што му благодариме

Од:

Нема поголема потврда за успешноста на економските политики на СДСМ во тешки услови на глобална економска и енергетска криза од денешната прес конференција на Мицкоски.Денеска Мицкоски се пофали со резултатите на економските политики на СДСМ во изминатите години, за што му благодариме, се вели во реакцијата од СДСМ на денешената прес конференција на премиерот Христијан Мицкоски за економските преформанси на земјава.

– Политиките на СДСМ успешно одговорија на глобалните предизвици, ги зачуваа работните места и стандардот на граѓаните, ја намалија растечката инфлација, додека платите и пензиите растеа.

СДСМ врати над 2,6 милијарди евра назад кај граѓаните со 9 пакети економска помош за граѓаните но и за компаниите во време на тешка криза.

Инфлацијата ја намаливме на ниво пред кризата а платите ги зголемивме на историски највисоко ниво.

Затоа и минатата 2023 година македонскиот БДП имаше реален раст од 2,1% иако економски беше далеку потешка и посложена.

Истото се однесува и во однос на директните странски инвестиции кои оваа година се рекорни поради успешните политики на СДСМ, 99% се започнати во време на СДСМ а сега само се реализираат.

Тоа што сега го зборува Мицкоски е резултат на тие добри економски политики на СДСМ и му благодариме за признанието.

Сепак треба да знае дека неговиот резултат и политиките на оваа Влада на ДПМНЕ ќе се мерат наредната 2025 година, почнувајќи од првиот до последниот квартал. Тогаш јавноста ќе види што испорачал.

Ако во првите 6 месеци гледаме целосно погрешни економски политики, граѓаните осиромашуваат а платите не растат и економските резултати 2025 година ќе бидат полоши, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дебакл и на новогодишната кошничка

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се обидува да го штити Груби

Лефков: Или ќе се извинат за Артан Груби или СДСМ ќе докажат дека уште го штитат

СДСМ: Креариан е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук, граѓаните да не наседнуваат

СДСМ: Политиките со „кошнички“ се покажаа како целосно промашени

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да си ја гледа соработката со ДУИ и да каже зошто го пушти Груби да избега