СДСМ: Мерките даваат резултат, цените се намалуваат, растат плати и пензии

Од:

„Мерките и политиките на СДСМ за заштита и унапредување на стандардот на граѓаните во време на светска економска криза даваат резултати, се намалуваат цените, а истовремено растат платите и пензиите“, велат од СДСМ.

„Од минатиот месец, цената на белиот и полубелиот леб е намалена и замрзната на 33 денари. Намалени се цените на тестенините за 15 проценти, а за 10 проценти пониски се цените на млекото и на млечните прозводи – урдата, сирењето, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот. Замрзнати се и цените на јајцата и оризот, со што нивните највисоки цени ќе останат на нивото од 15 март, а со важност до 30 април.

Меѓу производите со замрзнати цени ќе се најдат и дел од хигиенските производи, а дел од овошјето и зеленчукот неделава ќе добијат замрзнати цени.

Со системски решенија и со исправни економски политики растат платите и пензиите. Минималната плата од овој месец се покачи за 2.175 денари односно од 18.000 на 20.175 денари. Просечната плата во државата за пет години се зголеми за 44 проценти и сега е над 34.000 денари.

Мартовската пензија е покачена за 8,4 проценти – во една календарска година пензиите пораснаа за 16 проценти, а со септемвриското усогласување ќе се зголемат за 25 проценти.

СДСМ го слуша гласот на граѓаните, никој не е оставен сам да се справува со последиците од светската економска криза“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

(ВИДЕО) СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК