СДСМ: Мерката од 14.500 денари по вработен им помогна на околу 120.000 вработени

Од:

„Стотици илјади работни места се спасени, обезбедена е помош за десетици илјади компании, благодарение на ефикасните и навремени мерки, што ги презеде Владата предводена од СДСМ за справување со економските последици од пандемијата со коронавирусот, која го зафати целиот свет.

Само преку мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, во месеците април, мај и јуни со 79,5 милиони евра поддржани се околу 120.000 вработени лица и околу 20.000 компании“, велат од СДСМ.

„Спасени се 120.000 реални работни места во нашата економија, обезбедена е егзистенција за 120.000 семејства.

Финансиска поддршка добија и близу 6.000 самостојни вршители на дејности. Тие се поддржани со над четири милиони евра во април, мај и јуни годинава.

Во фокусот на СДСМ се граѓаните и економијата. Токму затоа го подготвуваме четвртиот пакет антикризни мерки кој ќе обезбеди уште поголема поддршка на работниците и компаниите.

Продолжуваме уште повеќе и уште подобро“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

(ВИДЕО) СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК