СДСМ: Кратење на 100 милиони евра непродуктивни трошоци, следува ребаланс на Буџетот

Од:

„СДСМ преку иниституциите што ги предводи останува посветена на одговорно управување со јавните финансии со цел да се обезбедат допопнителни средства за помош и поддршка за граѓаните. Следува ребаланс на Буџетот за 2022 година, со кој дополнително ќе се скратат уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци“, соопшти СДСМ.

„Преку ваквото намалување на непродуктивните трошоци и заштедите ќе се ослободат средства со кои ќе се финансираат нови мерки за граѓаните и компаниите за надминување на последиците од светската економска криза.

Веќе се реализира пакет мерки во вредност од 400 милиони евра за заштита на стандардот на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите.

Со намалување на ДДВ на нула отсто за основните прехранбени продукти, намалената акциза за горивата, субвенционирањето на сметки за електрична енергија сериозно се намалуваат трошоците на семејствата на месечно ниво.

Во време на светска економска криза, како одговорна партија, продолжуваме со реализација на мерки и политики што значат вистинска грижа за сите категории граѓани“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Каевски: СДСМ ги штити националните интереси, ВМРО-ДПМНЕ прави штета со Бугарија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лажеше и ги поткопуваше државните позиции со Бугарија

СДСМ: Исплатени 1,3 милијаради денари субвенции за 17.000 тутунари, се грижиме за земјоделците

Каевски: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се извини, а потоа да побара одговорност од Мицкоски за рушењето на државните позиции

(ВИДЕО) Каевски: Доста беа лаги од Мицкоски, да се извини и да ги поддржи државните позиции со Бугарија

Ана Ололовска