СДСМ: Историско зголемување на цената за откуп на грозјето за 30%

Од:

СДСМ и институциите што ги предводи покажаа вистинска грижа за лозарите и винариите, со реализација на мерки и политики, коишто даваат конкретни резултати. Низ партнерски однос и консултации е постигнато историско зголемување на откупните цени на грозјето за 30 отсто. Со последната одлука Владата воведе дополнителна мерка од 2 денари по килограм за лозарите, се вели во соопштението од СДСМ.

„На веќе договорените 13 и 15 денари по килограм, цената на откупната цена на грозјето ќе достигне 15 денари за смедеревката и 17 денари за вранец. Покрај највисоките откупни цени лозарите добиваат субвенции од 40.000 денари за одржување на лозовите насади, како и 4.200 денари по хектар за зелена нафта.

Благодарение на поддршката и создавање поволни услови за работа и развој, веќе трета година по ред извозот на вино бележи пораст, и во количина и во вредност.

Само лани македонските винарии извезле вино во вредност од над 61 милиони долари, што е зголемување од 19 отсто во споредба со 2020 година. СДСМ посветено продолжува да креира и реализира мерки за поддршка на лозарството и винарството, за унапредување на овој, исклучително значаен сектор, со висок потенцијал за развој и извоз, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Николовски на средба со претставници на лозарите од Тиквешијата: Обезбедуваме поддршка за секој лозар по хектар произведено грозје

Лозарите го блокираа патот Кавадарци – Неготино

Незадоволни лозари ќе протестираат в среда на регионалниот пат Неготино – Кавадарци

Николовски: Лозарите субвенциите ќе ги добијат пред „Св. Трифун“

Горан Наумовски

Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат ланските откупни цени

Аплицирајте за директни плаќања за производството на домашен лозов и овошен саден материјал