СДСМ: Исплатени над 27 милиони евра за над 26.000 тутунопроизводители

Од:

„Продолжува грижата за земјоделците и тутунопроизводителите.

Исплатени се над 80 отсто отсто од субвенциите за предаден тутун. На над 26.000 тутунопроизводители исплатени им се над 27 милиони евра.

Исплатата на субвенциите за тутунот се реализира на еден месец пред почетокот на новата производствена реколта за 2019-та и овие пари тутунарите ќе можат да ги реинвестираат во новото производство на тутун.

И за оваа реколта се применува новиот модел на субвенционирање на три нивоа, односно субвенцијата за прва класа тутун изнесува 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.

Откупот на тутунот за реколтата 2018 е целосно завршен и повторно остварени се високи откупни цени, а просечната цена за предаден килограм тутун изнесуваше 214.24 денари.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува со неселективна и навремена исплата на субвенциите со цел земјоделците парите да ги добиваат тогаш кога им се најпотребни за подготвени да ја дочекаат производствената сезона“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Заев побара правда од судиите, без одолговлекување на постапките и затвор за виновните

А1он

Министерката за правда Дескоска не учествува на маршот за правда

А1он

ВИДЕО: СДСМ маршира за правда

А1он

(ВИДЕИ) Локвенец: ВМРО-ДПМНЕ го покажа лажниот патриотизам и лицемерието кога не гласаше за Законот за одбрана

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Костадинов: Донесен е Законот за ЈО, извршителот Мицкоски не успеа да го спаси неговиот шеф Груевски

Ана Ололовска

СДСМ: ТВ соочувања имало и ќе има, извршителот Мицкоски допрва ќе се поти пред камерите

Ана Ололовска