СДСМ: Исплатени 30 милиони евра за субвенции за тутун, за помалку од 3 години владата исплати над 427 милиони евра кон земјоделците

Од:

„Во време кога државата како и целиот свет се соочува со здравствена и економска криза, Владата, предводена од СДСМ, презема низа мерки за да се ублажат последиците врз земјоделството и руралниот развој.

Веќе се исплатени 30 милиони евра субвенции за 19.050 тутунопроизводители за откупен и предаден тутун за 2019 година. Покрај оваа поддршка, годинава тутунот има рекордно висока откупна цена во просек од 220 денари за килограм“, велат од СДСМ.

„Додека трае вонредната состојба во мирување се ставени роковите за доставување на апликации и реализација на проектите од националните програми и ИПАРД програмата, за да се обезбеди дополнителен рок за имплементација на започнатите инвестиции.

Во рамките на мерките за ублажување на последиците од здравствената криза во агросекторот, земјоделците кои се самостојни вршители на дејност, имаат можност да користат и дел од економскиот пакет на мерки, како финансиската поддршка од 14.500 денари за месеците април и мај.

Рокот за плаќање на годишната закупнина за државно земјоделско земјиште за 2019 се продолжува до 12-ти ноември 2020 година, а со цел да се намали загубата на одгледувачите на овци, вкупната поддршка за женско јагне ја зголемивме на 2.500 денари по грло.

За неполни три години, Владата предводена од СДСМ во аграрниот сектор, по националните програми исплати над 427 милиони евра за земјоделците.

СДСМ, како одговорна партија продолжува со вистинска и конкретна помош за земјоделството и руралниот развој“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Горан Наумовски

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80 отсто од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје