СДСМ: Инвестиции од 100 милиони евра за реконструкции и изградба на патишта само во Југоисточниот регион

Од:

„Владата предводена од СДСМ продолжува со реализацијата на капиталните инвестиции што се во интерес на граѓаните, економијата и државата.

Само во југоисточниот регион, се реализаираат инвестиции од над 100 милиони евра за реконструирање и изградба на патишта.

Во тој дел од државата за првпат по 40 години се реконструира патот Штип – Радовиш, а се гради и патот Штип – Кочани.

Истовремено, низ целата држава се врши рехабилитација на околу 400 километри автопати, регонални и мегистрални патишта. Според официјалните податоци, речиси и да нема регион или место во државава каде не се одвиваат градежни активности, во градење и рехабилитација на патишта, во гасификација. железници, комунални проекти или проекти што ги реализираат локалните самоуправи со сопствени средства.

Покрај развој на инфраструктурата, реализацијата на овој инвеститциски циклус значително ќе го зголеми растот на капиталните инвестиции во вториот квартал и позитивно ќе влијае на економскиот раст.

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезедуваат економски раст, нови инвестциии и развој и унапредување на инфраструктурата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80 отсто од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

(ВИДЕО) СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите