СДСМ: Груевски ги расфрла парите на граѓаните за непостоечки инвестиции

Од:

„Груевски ги расфрла парите на граѓаните како субвенции за странски инвестиции што непостојат.

Дел од странските компании што добиле државни пари никогаш не инвестирале во Македонија.

Груевски ја најави Мадерсон Груп како странска инвестиција од 12 милиони евра и се сликаше со лопата на поставувањето камен темелник во 2011 година.

Оваа странска инвестиција не постои, а и биле дадени пари на граѓаните, субвенции од државата, во август 2011 година во износ којшто е означен како XXXXXXXXXXXXXXXXXXXX во документот – решение од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Колку XXXXXXXXXXXXXXXXXXXX евра субвенции, пари на граѓаните, Груевски и неговото дил оринетед друштво фрлија во воздух?

Џонсон Контролс го искористи своето законско право да користи државна помош и да не плаќа даноци и како што гледаме си заминува од земјата.

Комисијата за заштита на конкуренцијата, отвори постапка во која ќе испитува дали Џонсон Контролс, сега Вистеон Електроникс, правел злоупотреби со државната помош.

Во официјалната информација е наведено дека за тоа има сериозни сомневања.

Додека едни странски инвестиции заминуваат, други ветени од Груевски во висина од 307 милиони евра никогаш не се реализираа.

Со најавување и отварање фекални канализации и затворен базен во Охрид, Груевски покажа дека градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ се неспособни и ништо не работат.

Груевски самиот се сведе на смешна замена на неговите градоначалници.

Очекуваме следно Груевски да пресече лента на свечено отворање на лифт.

Со сигурност ќе ја обезбедиме фунцкионалноста на тој лифт на 24-ти април за време на изборите.

Најуспешните проекти на Груевски се фрлените лопати и пресечените црвени ленти.

Големите капитални проекти на ,,дил ориентед“ друштвото се сведоа на фекални канализации, камен темелници на непостоечки објекти, споменици, непловни галии…

Голем број излажани граѓани од Груевски за милијарди странски инвестиции коишто требаше да им обезбедат работа, се разочараа и ја напуштија земјата.

Светската банка го вклучи црвениот аларм. Точно 623.312 граѓани ја напуштиле државата во потрага по нормални услови за живот.

Македонија е на дното во регионот и Европа по странски инвестиции. Готово е со лажните инвестиции“, се вели во соопштението на СДСМ.

Мадерсон донација_Page_1 Мадерсон донација_Page_2 Мадерсон донација_Page_3 Мадерсон донација_Page_4 Мадерсон донација_Page_5 Мадерсон донација_Page_6

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески