СДСМ: Економските политики на Владата даваат резултат, јавниот долг се намалува, растат платите

Од:

„Владата предводена од СДСМ постојано презема ефикасни политики кои обезбедуваат македонската економија да биде стабилна, развојна и динамична, да креира услови за економски раст и унапредување на животниот стандард на граѓаните. Во целост е исплатена еврообврзницата од 2014 година, за која државата досега на годишно ниво плаќаше 20 милиони евра само за камата“, соопштува СДСМ.

„Република Северна Македонија се раздолжи за 500 милиони евра за еврообврзницата, со што државниот и јавниот долг се намали за 4,358 процентни поени.

Буџетот е ликвиден, приходите од почетокот на годината бележат раст од 15,6 отсто во однос на истиот период лани, а расходите се реализираат редовно и навремено.

Официјалните податоци говорат дека економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ ги даваат очекуваните резултати.

Просечната плата за месец мај годинава изнесува 28.721 денари. Таа во споредба со просечната плата од јуни 2017 година, која била 22.808 денари е зголемена за 5.913 денари, односно за 25,93 отсто.

Паралелно бележиме и раст на извозот, рекордна економска активност и во Индустриските зони и историски пад на нивото на невработеноста.

Како одговорна, социјалдемократска партија продолжуваме со мерки и политики кои градат силна и развојна економија која носи шанса за сите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Николова: Силјановска треба да се извини за навредите кон Пендаровски и Ковачевски

Горан Наумовски

СДСМ: Силјановска во матрицата на ДПМНЕ, ги навредува Пендаровски и Ковачевски и покажува нервоза

Горан Наумовски

СДСМ: Пендаровски и Ковачевски со план пред граѓаните, Силјановска и ДПМНЕ со навреди

(ВИДЕО) Ковачевски: Си ги знаеме грешките, пред граѓаните е изборот за европска иднина на државата

Каевски: ДПМНЕ го врати речникот од 27 април со нападите врз Пендаровски