СДСМ: Аграрните политики даваат резултат, раст од 5,9 отсто на откупот и продажбата на земјоделски производи во првото тромесечие

Од:

„Политиките на Владата предводена од СДСМ во земјоделството и зголемената поддршка за земјоделците даваат реални резултати.

Откупот и продажбата на земјоделски производи во првиот квартал од 2019 година е поголем за 5,9 отсто во однос на истиот период од 2018 година.

Забележен е и раст на извозот на земјоделски прозиводи кој во првото тромесечие од годинава е зголемен за 8 отсто или за 42,2 милиони евра повеќе од истиот период од минатата година.

Зголемената поддршка за земјоделците, помошта за младите земјоделци, зголемените субвенци и нивната неселективна и навремена исплата придонесуваат за зголемено и поквалитетно земјоделско производство конкурентно на домашниот и странските пазари.

Оваа тенденција на раст ќе продолжи во текот на годината. Со воведувањето на „зелената нафта“ со придвижувањето на евоинтеграциите се отвораат можности за поконкурентно производство и пристап до нови пазари, што ќе резултира со зголемен, навремен и сигурен откуп на земјоделското производство.

Продолжува вистинската грижа за земјоделците. Се враќа достоинството на земјоделците и се унапредува земјоделството како една од најважните стопански гранки.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на земјоделството, зголемена поддршка и повеќе пари кај земјоделците“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

(ВИДЕО) СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК