СДСМ: 90.000 граѓани добиваат повиоска плата за декември

Од:

„Како одговорна партија пред граѓаните, продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат повисоки плати и повеќе пари во семејствата. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот за минимална плата.

Минималната плата расте на историски највисоки 14.500 денари.

Веќе со декемвриската плата околу 90.000 граѓани ќе добијат покачување на месечните примања“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Тоа е зголемуваме за 5.500 денари или над 60 отсто на минимланата плата за само две и пол години.

Со новото зголемување на годишно ниво дополнителни 66.000 денари ќе завршуваат кај граѓаните кои земаат минималната плата.

Ова е уште една мерка која има за цел да обезбеди повисоки плати, но и да го намали економскиот јаз.

Дополнително, парламентарното мнозинство гo усови и предлог Законот за субвенционирање на придонесите од задожителното социјално осигурување.

Придонесите за задожителното социјално осигурување ќе бидат субвенционирани за сите прептријатија кои ќе им ја покачат платата на своите вработени до 6.000 денари.

На прав пат сме.

Остануваме посветени на раст на платите и повисок животен стандард за сите граѓани“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува