СДСМ: 27,6 милиони евра за платежни картички за 283.000 граѓани и за зајакнување на приватната потрошувачка

Од:

„Речиси половина милијарда евра, како директна помош ќе завршат кај граѓаните и компаниите, во рамите на четвриот пакет мерки за справување со последиците од коронакризата, кој го креира и реализира Владата предовдена од СДСМ.

Една од основните компоненти на четвртиот пакет мерки вреден 470 милиони евра, е зајакнување и поттикнување на приватната потрошувачка на граѓаните со зголемување на опфатот на корисници на домашни платежни картички.

Вкупно, со оваа мерка се опфаќаат над 283.000 наши сограѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Со новиот пакет економски мерки, платежни картички со износ од 6.000 денари ќе добијат над 5.700 самохрани родители, над 180.000 пензионери со пензии до 15.000 денари, невработени лица кои се пасивни баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници.

Платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат и дополнителни 540 студенти, како и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.

За дополнителен поттик на потрошувачката викендот меѓу 10 и 12 октовмри ќе биде викенд без ДДВ.

350.000 граѓани, веќе постоечки корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври можат да купуваат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари и во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ.

Според проценките, преку оваа мерка ќе се оствари промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра преку повратот на ДДВ.

Во период на сериозна глобална здравствена и економска криза, државата застанува зад секој поединец, зад секој приватен субјект кој е погоден од негативите последици“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

(ВИДЕО) СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК