СДСМ: 196 милиони евра назад кај фирмите во првата половина од годината

Од:

„Над 196 милиони евра се вратени кај фирмите од страна на државата со редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите во првата половина на оваа година.

Она што е дополнително важно е податокот дека повратот на парите од ДДВ назад кон фирмите е поголем за 20 отсто во однос на истиот период лани. Тоа се 2 милијарди денари повеќе пари за фимите“, соопштуваат од СДСМ.

„Во споредба со 2016 година, односно за времето на ВМРО-ДПМНЕ, разликата е огромна, дури 70% повеќе.

Криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ само грабаше од граѓаните, од фирмите. СДСМ враќа пари назад кон граѓаните, кон фирмите.

Редовниот и неселективен поврат на ДДВ ја подобрува ликвидноста на фирмите.

Позитивните тенденции во стопанството, во економијата се гледаат и преку засилената активност на фирмите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

(ВИДЕО) СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК