Санкциите и украинската војна доведоа Русија да е западната во големи економски проблеми

Од:

Откако западните земји и воведоа санкции поради инвазијата на Украина, Русија во изминатите шест месеци ја зајакна својата економија. И покрај западните казнени мерки, Кремљ продолжува да собира милијарди приходи од нафта и гас, што помогна рубљата да стане валута со најдобри резултати во светот оваа година. Но, тоа не значи дека се е добро со руската економија.

Како што пишува магазинот Fortune, западните санкции и големиот корпоративен егзодус што се случува од 24 февруари, кога започна украинската криза, ја уништија руската економија, а нејзините изгледи за иднината се уште помрачни, се вели во новиот извештај на истражувачите и економисти од Универзитетот Јеил предводени од професорот и виш продекан Џефри Соненфелд.

Сега стана јасно дека „финансиите на Кремљ се во многу, многу пострашни проблеми отколку што вообичаено се“ и дека големите „деловни повлекувања и санкции катастрофално ја осакатуваат руската економија“, велат истражувачите.

Од 4 август, повеќе од 1.000 компании, вклучително и големи американски играчи како што се Nike, IBM и Bain консалтинг, го ограничија своето работење во Русија. Иако некои компании остануваат, масовниот корпоративен егзодус претставува 40% од БДП на Русија.

Покрај тоа, Русија западна во технолошка криза како резултат на нејзината изолација од глобалната економија.

„Домашната економија е силно зависна од увозот во различни индустрии… со мали исклучоци“, се тврди во истражувањето. Западните контроли на извозот во голема мера го спречија протокот на увезена технологија, од паметни телефони до сервери за податоци и мрежна опрема, оптоварувајќи ја нивната технолошка индустрија. Најголемата руска интернет компанија, Yandex – која е руска верзија на Google – нема полупроводнички чипови потребни за нивните сервери. Во исто време, „домашното производство на Русија е запрено – не може да ги замени изгубените работни места, производи и таленти“, се вели во студијата на Јеил. Руските производители на тој начин не се во можност да ги пополнат празнините што ги остави падот на западниот увоз.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски