САД одговори на обвинувањата од Европската унија: Не ја креваме цената на гасот

Од:

Белата куќа ги отфрли обвинувањата дека САД профитираат од драстично зголемените цени на течниот природен гас (LNG) што го доставуваат во Европа.

Претставник на американската администрација синоќа на конференциска врска им рече на новинарите дека тврдењето е лажно и дека Вашингтон и доставува ЛНГ на Европа за да и помогне да се подготви за зимата.

Имено, најголемиот дел од ЛНГ од САД се испорачува со долгорочни договори со странски трговски компании, а меѓу нив има и неколку европски компании кои потоа го препродаваат гасот на европските потрошувачи, појасни тој.

Европските земји се борат за енергија откако Русија го намали снабдувањето како одговор на западните санкции поради нејзината инвазија на Украина. ЛНГ, длабоко замрзнат природен гас под висок притисок што се транспортира со бродови во течна форма, е една алтернатива. Засега, повеќето европски земји добиваат ЛНГ од САД.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек неодамна ги обвини земјите извознички на ЛНГ дека ги зголемуваат цените на течниот природен гас поради енергетската криза.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски