САД: Најбогатите 10 отсто домаќинства во 2018 година поседувале 70 отсто од богатството на домаќинствата

Од:

Најбогатите 10 отсто домаќинства во САД во 2018 година поседувале 70 отсто од вкупното богатство на домаќинствата, додека во 1989 година имале 60 проценти.

Тоа се резултати на Маркет Воч (MarketWatch), пренесувајќи изјавана Торстен Слок, главен економист во Дојче банк, кој се повика на нов извештај на ФЕД, Централната банка на САД.

Во таа студија се истакнува дека богатството на еден процент од најбогатите американски домаќинства се зголемило од 23 на 32 отсто во тој период.

Аналитичари на ФЕД утврдиле дека причината за зголемувањето на богатството на првите 10 проценти е поради зголемен удел на нивниот имот во тој период од 55 на 64 проценти, додека во исто време приближно исто се намалил имотот, во релативна смисла, на средната и високата средна класа.

Слок истакнува дека тоа делумно е резултат на експанзивната монетарна политика на ФЕД, по финансиската криза од 2008 година, благодарение на што цените на недвижностите и имотот се зголемија во изминатите десет години.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски