Русија забрани увоз на нафта како поддршка за домашната нафтена индустрија

Од:

Во Русија од денеска стапи на сила привремена забрана за увоз на бензин, дизел, керозин, бродско гориво и плин, која е воведена како поддршка за домашната нафтена индустрија.

Владата ја донесе одлука за забраната на 25 мај, за период до 1 октомври, откако во април испораката на бензин од Белорусија во Русија со железница нагло се зголеми и достигна 1,5 проценти од вкупната потрошувачка на бензин во Русија.

Ова, пак, е поврзано со фактот дека многу руски купувачи на белоруски горива, земајќи ги предвид трошоците за транспорт, плаќале 500 рубли помалку за тон отколку да го купиле на домашниот пазар каде понудата падна.

Рускиот министер за енергетика Александар Новак изјави дека забраната за увоз на евтин бензин во Русија е предложена како присилна антикризна мерка за шест месеци.

Забраната за увоз, како што рече, воено претставува поддршка за домашната преработка на нафта и одржување на вработеноста.

Би можело да ве интересира

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема евакуација на населението во регионите погодени од полави во Русија