Русија вети дека ќе продолжи да испорачува гас за Унгарија

Од:

Русија вети дека „Гаспром“ ќе ги исполни своите договорни обврски кон Будимпешта, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Во интервју за јавното радио, Сијарто рече дека извршниот директор на Гаспром Алексеј Милер и рускиот вицепремиер Александар Новак во телефонски разговор го увериле дека компанијата ќе ги исполни своите обврски кон Унгарија, кои се предвидени во договорот.

Тој не прецизираше кога се случил телефонскиот разговор, истакнува Ројтерс.

Сијарто нагласи дека енергетската безбедност на Унгарија, вклучително и испораките на гас, е стабилна и дека испораките на овој извор на енергија се вршат секојдневно и навреме, без никакви нарушувања, како што е предвидено во договорот.

Според договорот потпишан со Гаспром минатата година, Унгарија добивала 3,5 милијарди кубни метри гас годишно преку Бугарија и Србија според долгорочниот договор со Русија и уште една милијарда кубни метри гас преку гасовод од Австрија.

Договорот е со важност од 15 години, со можност за промена на купените количини по десет години.

Неодамна, како одговор на западните санкции против Москва, Гаспром ги прекина испораките на гас за данските Орстед и Шел енерџи поради нивниот договор за снабдување на Германија со гас.

Руската компанија ја прекина испораката на гас и за холандската компанија „Гас Тера“, како и за Бугарија, Полска и Финска поради одбивањето да го платат гасот во руски рубљи.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов