Русија привремено ги запира испораките гас за ЕУ преку „Северен ток“

Од:

Руски „Газпром“ ги прекинува испораките гас за Европската унија преку „Северен тек“, пренесуваат агенциите повикувајќи се на извори од компанијата.

dobivaj vesti na viber

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ денеска соопшти дека транзитот на природен гас во Европската унија преку гасоводот„ Северен тек 1“ ќе биде запрен од 31 август до 2 септември поради одржување.

„ На 31 август единствената оперативна компресорска единица Трент 60 ќе биде затворена на три дена заради одржување“, соопштено е од компанијата истакнувајќи дека сите поправки ќе бидат извршени заедно со експерти од германски „Сименс“.

„Газпром“ додава дека „по завршувањето на работите и отсуството на технички дефекти на блокот, транспортот на гас ќе биде вратен на ниво од 33 милиони кубни метри дневно, што претставува приближно 20 проценти од вкупниот капацитет на гасовод.

Би можело да ве интересира

Руски Гаспром ќе му ја прекине испораката на гас на главниот сојузник Кина поради годишно одржување

А1он

Вучиќ: Ќе им дадеме гас на Македонците

А1он

Додека се бара ЕУ да ја мобилизира сета расположлива енергија, гневот кон Германија расте

Ана Ололовска

Француската влада најави продолжување на тарифниот штит во 2023 година, со зголемување ограничено на 15 отсто за гасот и електричната енергија

Шолц: Нема да има недостиг од гас оваа зима, од следната година Германија нема да биде зависна од Русија

Ана Ололовска

Можно е ЕУ да се откаже од ограничување на цената на рускиот гас

Ана Ололовска