Русија ќе дозволи бродовите со жито да ја напуштат Одеса

Од:

Руската Влада планира да им дозволи на бродовите што превезуваат жито да го напуштат пристаништето Одеса, во Украина, со што ќе ја ублажи блокадата која предизвика страв од недостиг на храна и глад.

Руските власти се договориле со Киев и Анкара за шема за ослободување на пратки со жито од Одеса, која беше под блокада, објавил провладиниот весник Известија, цитирајќи владини кругови.

– Во територијалните води на соседната земја, турските воени сили ќе го преземат деминирањето и тие исто така ќе ги придружуваат бродовите до неутрални води, се вели во денешниот извештај.

Руските воени бродови потоа ќе ги придружуваат бродовите што пренесуваат жито до Босфорот.

Овој чекор доаѓа откако цените на храната постојано се зголемуваат по војната на Москва против Украина што доведе до огромни турбуленции на светските пазари. Украина е еден од најголемите светски извозници на жито, а падот на нејзините испораки по руската инвазија тешко ги погоди африканските земји.

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија