Русија и Европа на праг на трета гасна војна

Од:

По неколку затегнати месеци Русија, САД и ЕУ дојдоа до договор за украинската криза. Сепак, ако се означени макар можни сценарија за регулирање на политичката криза, гасниот конфликт допрва ќе се разгори.

Во почетокот на април Гаспром објави дека долгот на Киев за потрошениот гас изнесува 2,2 милијарди долари, а кон крајот на годината тој може да порасне до девет милијарди. Неодамна Владимир Путин објави дека ако до мај долгот за рускиот гас не се отплати, Москва ќе премине на претплата на системот за пресметување со Украина. Земајќи предвид дека преговорите за испораките на Украина за реверсен гас преку Словачка отишле во ќорсокак, состојбата е жална. По инцидентот во 2006 и 2009 година, кога Русија ги прекрши испораките на гас за Украина, а што значи и за Европа, ЕУ сосема праведно се плаши од почеток на трета гасна војна меѓу Русија и Украина. И токму Европа во таа војна ќе биде губитник, смета Шарл Сана, економски аналитичар, директор на економски истражувачки ресурси AuCofre.com.

Ни Русија, ни САД во таа војна нема да изгубат. А Европа која се наоѓа меѓу тие две големи држави, навистина ќе се најде во загуба. Денес испораките на руски гас изнесуваат 27-28 отсто од вкупниот обем на европскиот гас. Очигледно е дека улогата на Русија е огромна и дека денес ние не сме во состојба да поминеме без руски гас. Покрај тоа, поради географски причини, испораките на рускиот гас се реализираат многу лесно: се работи за гасоводи кои ја пресекуваат европската територија. За испораките на американски гас од шкрилци во Европа потребно е не само да се изградат рафинерии за преработка на гас, туку и да се воспостават сложени дијагностички ланци.

Така ослободувајќи се од енергетската зависност од Русија, Европа доспева во целосна зависност од САД. Што се однесува до Русија, таа лесно ќе најде нови пазари за својот гас и во прв ред тоа се секако земји со толку високи енергетски потреби, како што се Кина и Индија.

Западниот аналитичар исто така изрази надеж дека Русија нема да дозволи прекини на испораката на гас во Европа и да ги прекрши своите договорени обврски. Шарл Сана исто така смета дека Европа од своја страна нема да се одлучи да ги заостри економските санкции против Русија. Во последно време се гледа јасна тенденција на разграничување на американските и европските интереси. Европа повеќе не може да го игнорира проблемот од дефлацијата и кризата во енергетската сфера очигледно не и оди на рака.

Би можело да ве интересира

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа

Владата преговара со Американци кои треба да инсталираат гасни постројки во РЕК Битола

Орце Костов

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска

Унгарија потпиша нов енергетски договор со Русија

Молдавија повеќе не добива руски гас

ЕСМ за март ќе набави гас од Макпетрол по цена од 60,10 евра