Русија бара работници за изградба на утврдувања на Крим – дневница до 90 долари

Од:

Русија бара столари и ѕидари за изградба на ровови и утврдени позиции на Крим, пренесува Bulgariamilitary.com.

Според извештаите, тоа се гледа од огласите објавени на сајтот Avito, кој е руски еквивалент на eBay.

Се нудат различни опции, со акцент на работа во опасна област, пренесува порталот.

Според објавените огласи за работа, се плаќа од 2.000 рубли (26 долари) до 7.000 рубли (90 долари) дневно. Во понудата може да се најдат различни работни места. Во некои огласи се нуди сместување во делот на работа, во други нема такво нешто.

Во огласите генерално се наведува целодневно работно време и се забранува употреба на алкохол и дрога под закана дека ќе бидат отпуштени без плата.

Обемот на работа е многу голем, тука работиме од јануари“, се вели во еден оглас.

Податоците од страницата покажуваат дека има и такви кои сакаат таква работа, особено меѓу работниците од Крим и другите окупирани делови на Украина, пишува порталот. Според достапните информации, цели градежни екипи ги понудиле своите услуги. Еден тим од 80 луѓе изрази желба веднаш да се зафати со работа.

„Со искуство во изградбата на утврдувања во регионот на Запорожје, подготвени сме да извршиме работа на територијата на Република Крим за плата од 50.000 рубли (653 долари) по смена, сами ќе најдеме сместување и храна, изјавија од градежниот тим.

Во исто време, јасно е дека се вклучени и компании од рускиот дрвен сектор. Според еден извештај, руска компанија од Ленинградската област произведува 25-30.000 оклопи месечно, за 10.200 рубли по парче.“ Компанијата веќе објавила оглас во кој бара работници и столари.

Многу други изведувачи бараат работници за изградба на ровови околу Красноперекопск на стратешки важниот премин Перекоп. Тоа е главниот копнен пат до Крим и бил утврдуван и напаѓан повеќе од 2.000 години.

Работата во таа област стана опасна, велат локални извори. Според некои извештаи, украинските сили користат дронови за бомбардирање или пукање на градилиштата. Има извештаи за повредени цивили, како и загинати работници. Според различни извори, значителен дел од работната сила таму се иселеници од Централна Азија и Африка.

Градежните работи на границите на Крим се сигнал дека тој ќе биде најверојатната цел на украинската пролетна офанзива, на што укажува и цената што Русија ја плаќа за нејзино зајакнување, пишува порталот.

Би можело да ве интересира

Руски градоначалник: Седум исчезнати во Нова Каховка по уривањето на браната

Ана Ололовска

Украина: По уништувањето на браната, полињата во Херсон би можеле да станат пусти

Ана Ололовска

Зеленски: Добивме сериозна, моќна понуда на авиони Ф-16

Ана Ололовска

Американско разузнавање: Русија стои зад нападот на браната

Ана Ололовска

Југот на Украина исчезнува под вода, катастрофата се протега до Крим: Хаос се очекува во следните денови

САД: Русите ја разнесоа браната, имаме доказ