Рудникот „Иловица-Штука“ се развива согласно најновите законски измени

Од:

Проектот за рудникот Иловица-Штука се развива и согласно измените на законот за минерални суровини, кои на 9 јануари годинава беа изгласани во Собранието на Република Македонија, стои во изјавата на компанијата „Еуромакс ресоурцес“.

Додаваат дека со ова уште еднаш се потврдува одлуката на компанијата за отфрлање на цијанидот, додека сулфурната киселина никогаш не било предвидено да биде дел од процесот на обработка на рудата.

-Одборот на Еуромакс во декември 2017 година донесе одлука за откажување од користењето на цијанид и сулфурна киселина во процесот на обработка на рудата за што беа информирани надлежните органи и Владата на Република Македонија, а информирањето на пошироката јавност и локалната заедница во Струмичкиот регион е процес кој трае. На тој начин само ја потврдуваме посветеноста на компанијата кон заштита на животната средина и здравјето на луѓето и продолжуваме да работиме според највисоки и модерни стандарди од област на рударската индустрија, порачуваат во изјавата од „Еуромакс ресоурцес“.

„Еуромакс“ информира дека до крајот на 2018 година организирале и повеќе информативни средби со локалното население, каде особено голем интерес жителите покажале околу можностите за вработување и соработка на локалните бизниси со идниот рудник.

Би можело да ве интересира

Кој ќе ја плаќа отштетата за пропаднатите рударски инвестиции?

Орце Костов

(ВИДЕО ) „Еуромакс ресоурцес“ со последна опомена до власта да го почитува законот, пред да почнат арбитража тешка милијарди евра

Орце Костов

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

Петровски: Отварањето на нови рудници треба да биде приоритет, а не табу тема!

Македонското рударство од почитувана, профитабилна и значајана стопанска гранка до повици за забрана за отворање нови рудници

(ВИДЕО) Коциќ: Укинато спојувањето концесии за рудникот „Иловица“