Роуд Шоу во Шведска

Од:

Премиерот Никола Груевски и економскиот тим при посетата на Шведска ги презентираа можностите за инвестирање во Македонија.

Груевски се сретна со шведскиот премиер Фредрик Рајнфилд како и со министерот за трговија на Шведска, Ева Бјорлинг, при што им ги претстави подобрените услови за водење бизнис во Македонија, како и потврдата за тоа од страна на Светската банка.

– Генерално, и трговијата и инвестициите од Шведска во Македонија се многу ниски. Му ги објаснив на премиерот подобрените услови за правење бизнис во Македонија во последните пет-шест години, кои не се само наш заклучок, туку се констатација на Светската банка во нивното годишно издание „Дуинг бизнис“, кој сите добро го знаат – изјави Груевски, посочувајќи дека Македонија е многу респектирана поради прилично напреднатите услови и позиции што ги доби од Светската банка.

Од страна на шведските државници, како што рече премиерот е изразено добредојде за нас во нивната земја и за идејата за воспоставување поблиска комуникација со бизнисмените во Шведска. Со шведскиот министер за трговија е разговарано за можноста делегација од Шведска да ја посети Македонија.

На средбите македонскиот премиер истакна дека е разговарано и за политичките проблеми со кои се соочува Македонија во врска со блокадата од Грција и штетите што ги има земјава на политички, уште повеќе и на економски план и размислувањата понатаму да се продолжи да се бара и да се најде решение со кое според Груевски овој проблем би бил надмина.

„Во секоја пригода тие истакнувале принципиелна позиција во однос на Македонија и биле поддржувач на кој секогаш сме можеле да сметаме, а мислам дека и во иднина ќе биде така, рече премиерот Никола Груевски.

[nggallery id=72]

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов