Рокот за барања за субвенции за продадено млеко истекува на 30. април

Од:

На 30. април истекува рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко во периодот од октомври до декември 2012 година.

Барањата се поднесуваат до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е извршена регистрација на земјоделското стопанство. Како доказ за продадено млеко се доставуваат откупни белешки издадени од преработувачки капацитети запишани во регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, потсетува денеска преку соопштение Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар и дополнителни 15 проценти за млеко кое е произведено на одгледувалишта со надморска височина поголема од 700 метри.

Агенцијата ги потсетува земјоделците и за можноста да поднесат барање за помош за премии за осигурување и тоа за осигурано примарно земјоделско производство со следните максимални површини: за лозови и овошни насади до 10 хектари, за градинарски култури до 2 хектари, за тутун до 2 хектари, за житни култури до 20 хектари и за пчели до 100 пчелни семејства.

Висината на поддршката изнесува 60 проценти од трошокот на премијата за осигурување, а барањата се поднесуваат до 30 август во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е извршена регистрација на земјоделското стопанство.

Би можело да ве интересира

Нема веќе гарантирани цени, државата уште не го донела законот за контрола на трговците

Орце Костов

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

СДСМ: Поголеми субвенции за лозарите од 40.000 на 52.000 денари по хектар