Роберт Хот нов претседател на Градежната комора на ССК

Од:

Роберт Хот, генерален менаџер на „Хот и Хот КГ“ е новиот претседател на Градежната комора при Сојузот на стопански комори. Тој е избран на денешното Годишно собрание на Комората.

Функцијата ја презема од досегашниот претседател Сеад Кочан, кој четири години беше на чело на оваа Комора.

Хот, кој во следните две години ќе раководи со Комората, вети дека ќе ја продолжи соработката со институциите и оти ќе работи на зачувување на економската стабилност на градежните компании.

Според него, градежништвото веќе е предводник на македонската економија и со најавите за раст сигурно ќе остане тоа и во следниот период.

По намалувањето на каматите за станбените кредити, Хот очекува да падне цената на становите но, како што вели, не за голем процент.

– Сигурно дека ќе падне цената на квадратот. Се надевам дека со намалувањето на каматните стапки граѓаните полесно ќе доаѓаат до кредити. Очекуваме намалување на цената, но не за голем процент, рече Хот.

Во однос на измените на Законот за градба со кои се предвидува обезбедување еколошки пасош доколку 20 проценти од домовите прават реконструкција, Хот смета дека се работи за добра новина со многу предности.

– Тоа е една добра новина која има повеќекратен бенефит за сите. Мора да се научиме да ја чуваме животната средина, а исто така корисниците на станбен простор кои ќе го купат енергетскиот пасош ќе имаат многу заштеди во домашниот буџет, во сметките за ладење и греење, истакна Хот.

Градежништвото е сектор кој во последните години го зголемува своето учество во БДП. Со Буџетот за 2015 година во градежништвото се очекува раст од 7,5 проценти.

Би можело да ве интересира

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

Ангелоски: Секое замрзнување на цените има консеквенци, ние преферираме слободен пазар

Ана Ололовска

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Сојузот на стопански комори 18 години репрезентативен глас на македонскиот бизнис

Ана Ололовска

ССК: Потребна е сериозна државна поддршка за справување со енергетското цунами

Ана Ололовска