РКЕ: Во јануари нови 26 фотонапонски централи со моќност од шест мегавати

Од:

Во јануари нови 26 фотонапонски електроцентрали со моќност од шест мегавати за производство на електрична енергија од обновливи извори се стекнаа со лиценци за работа од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Станува збор за домашни стопанственици кои инвестираат во фотонапонски централи со цел да си обезбедат самостојно струја за производствените потреби. Дел од стопанствениците кои добиле лиценци произведуваат мебел, кондиторски производи, а дел од нив се и од фармацевтскиот сектор.

-Интересот на приватниот сектор за инвестиции во фотоволтаични централи е висок, кумулативно ако се гледа за само 13 месеци, РКЕ има издадено лиценци за вкупно 293 централи со вкупниот инсталиран капацитет од 158.2 MW што се во функција и од кои се произведува електрична енергија од обновливи извори. Во земјава само за една година и еден месец се изградени фотонапонски електроцентрали со вкупен инсталираниот капацитет што е поголем од инсталираниот капацитет на ТЕЦ Осломеј. Струјата од сонце се покажа како главен штит на приватниот сектор во борбата за економски опстанок, зголемена конкурентност, раст и развој, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Во 2022 година, РКЕ издаде лиценци за вкупно 267 централи, што е скоро двојно повеќе од донесените одлуки за издавање на лиценци во претходните пет години (од 2017 до 2021 донесени се 146 одлуки за издавање на лиценци).

Би можело да ве интересира

ЕСМ во следните 10 години ќе ги снабдува скопјани со парно греење

Орце Костов

Издадени лиценци на 486 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори

Ана Ололовска

Дали ќе имаме евтина дневна тарифа за струјата зависи од калкулациите на РКЕ

Бислимоски: Како држава имплементиравме се што бара ЕУ од нас кога е во прашање енергетиката

Ана Ололовска

Не се менува цената на бензинот и дизелот

Ана Ололовска

Скопјани ќе плаќаат 29,5 денари месечно повеќе ако ЈП Водовод ја прифати максималната тарифа на Регулаторна

Орце Костов