РКЕ разгледува нови правила за пазар на балансна енергија

Од:

Малите потрошувачи и домаќинствата и во иднина ќе немаат обврска да доставуваат физички номинации до операторот на електропреносниот систем, туку во нивно име тоа ќе го прави снабдувачот како нивна балансно одговорна страна, предвидуваат Предлог-правилата за пазар на баланс на енергија кои ги разгледа Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната подготвителна седница.

dobivaj vesti na viber

-Правилата за балансирање досега беа дел од Правилата за пазар на електрична енергија, а со новиот Закон за енергетика тие се издвоени како посебен документ. Со нив ќе се воведе начинот на пресметка на отстапувањата на балансно одговорните страни. Во земјава најчесто балансно одговорни страни се снабдувачите со електрична енергија и тие ја преземаат балансната одговорност за потрошувачите кои ги снабдуваат. Вообичаено снабдувачите и со измените ќе ја преземат и балансната одговорност за малите потрошувачи и домаќинствата, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимовски пред почетокот на подготвителната седница.

Тој нагласи дека поентата на новите измени е во балансни групи да се здружат што е можно повеќе учесници на пазарот со цел, како што рече, да бидат сведени на што е можно помало ниво трошоците што би ги имале заради отстапување од тоа што е планирано и реализирано.

Правилата за балансирање ги изработи АД МЕПСО во својство на оператор на електропреносниот систем во соработка и со финансиска поддршка на Секретаријатот на енергетската заедница.

Директорот на Операторот на електропреносен систем при АД МЕПСО, Борко Алексоски посочи дека подоготвката на правилата за балансирање произлегоа од Законот за енергетика и од обврските што ги има потпишано земјава за следење на европските текови.

-При изработката ни беше обезбедена техничка помош од Енергетската заедница и во нив се инкорпорирани најдобрите европски искуства што ја третираат оваа материја. Со новите правила за балансирање се гарантира транспраентен, недискриминаторен и конкурентен начин на набавка на таканаречените системски услуги и фер и транспарентен начин на порамнување на отстпувањето на балансните одговорни страни, потенцира Алексоски.

Во моментов , како што кажа, сите услуги за балансирање се обезбедуваат од доминантниот производител на електрична енергија – АД ЕЛЕМ.

-Системот ни е мал и многу тешко се обезбедува конкурентност, но со новите правила се обидовме да направиме конкурентност со сите други производители на енергија, како што е ТЕ-ТО, а и потрошувачите на електрична енергија да учествуваат во обезбедување на системски услуги со цел да ги интегрираме нашите правила за баласнирање со европските што, пак, ќе овозможи тргување, односно размена на балансите услуги и со соседните систем оператори, посочи Алексоски.

Во Македонија во моментов се активни осум снабдувачи со електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: Потрошувачите плаќаат само за она што го имаат потрошено, РКЕ не ги признава кражбите на електрична енергија во крајната цената

Ана Ололовска

Мерки за намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор во Грција

А1он

ЕВН: Надоместокот за пренос и дистрибуција постои отсекогаш, сега се издвојува согласно европските регулативи, а РКЕ признава само дел од вкупните загуби, дел се на товар на компанијата

Ана Ололовска

Бислимоски почна да штеди во РКЕ: Дојдов на работа по скали, планирам да ослабам

Орце Костов

Бислимоски: БЕГ да ги сторнира сметките за парно бидејќи се пресметани без субвенции за топлинска енергија

Орце Костов

РКЕ: Потрошувачите кои се приклучени на БЕГ да продолжат редовно да си ги подмируваат месечните фактури за испорачаната топлинска енергија.

Катерина Павлова-Николовска