РКЕ: Има интерес за изградба на фотоволтаични електрани кои ќе продаваат без повластени тарифи

Од:

Четири лиценци за производство на електрична енергија, од кои три се за фотоволтаични електроцентрали што нема да користат повластена тарифа и произведената струја ќе ја продаваат на слободниот пазар и една мала хидроелектрана што има добиено право за користење вода на тендерите што ги организира Министерството за животна средина и просторно планирање, се разгледаа на денешната подготвителна седница на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

-Радува што има интерес за изградба на нови фотоволтаични електрани кои не користат ниту фидин тарифа, а очигледно нема да користат ниту премија, туку решиле својата електрична енергија да ја продаваат на слободниот пазар. Верувам дека е тоа добра увертира и за скорешниот тендер за фотоволтаични електрани и очекувам да нема големи буџетски трошоци за компаниите што ќе го добијат правото да градат фотоволтаични електрани, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимовски пред почетокот на подготвителната седница.

Тој нагласи дека покрај овие три, во постапка се за издавање на лиценца се уште пет до шест слични фотоволтаични електрани што ќе продаваат без премиуми, што посочи, покажува дека е очигледно оти тој бизнис е исплатлив во државава.

Во моментов, прецизира, според податоците од 2018 година, 0,7 до 0,8 отсто од вкупно произведената електрична енергија во земјава е од фотоволтаици што е блиску до европскиот просек.

-Со најавата на новите 35 мегавати на државно земјиште, и со дозволените дополнителни мегавати за изградба на фотоволтаични електрани на сопствено земјиште, очекувам тој процент драматично да се зголеми веќе од наредната година, бидејќи изградбата на фотоволтаичните електрани оди релативно брзо, потенцира Бислимовски.

Посочи дека очекува особено брзо да се реализира изградбата на фотоволтаични електрани на државно земјиште зошто веќе се решени најголем дел од имотноправните односи.

Би можело да ве интересира

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

Орце Костов

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

Орце Костов

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

Орце Костов

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов