РКЕ донесе регулаторна тарифа за водни услуги во Општина Ресен

Од:

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) првпат донесе регулаторна тарифа за водни услуги за македонска општина која не постапи по нивните предлог решенија за цената за водните услуги што треба да се применува од 1 јануари идната година. Регулаторната тарифа се однесува за јавното комунално претпријатие од општина Ресен и таа е повеќе од двојно пониска од првично побараната цена од ресенското водоводно претпријатие.

-Општина Ресен беше првата општина која не постапи по нашите предлог решенија. Откога измина рокот од 150 дена, во кои Советот на општината требаше да утврди цена во понудениот опсег, во текот на минатата недела РКЕ определи цена за водоводното претпријатие од Општина Ресен. Општината е обврзана оваа цена да ја применува од 1 јануари 2019 година, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

Нагласи дека имале одредени недоразбирања со комуналното претпријатие од општина Ресен. Во текот на постапката, прецизира, од претпријатието побарале зголемување на цената од пет денари, а РКЕ направила дополнителни анализи и смета дека поскапувањето од 2,22 денари е доволна претпријатието да ги покрие оправданите трошоци.

РКЕ од 2016 година е надлежна за утврдување на цената за водни услуги во македонските општини и тоа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување, како и за собирање, прочистување и одведување на урбани отпадни води што ќе се применуваат од 1 јануари идната година за регулираниот период од 2019 до 2021 година. Регулаторот на општините им доставуваше предлог решенија со опсег од најниска до највисока цена за услугите кои потоа ги разгледуваа општинските јавни претпријатија и доставуваа сопствен предлог за цена до советите на општините. Советите на општините имаа рок од 150 дена да донесат одлука која од понудените цени во опсегот ќе се применува од 1 јануари. Доколку во предвидениот рок советот не ја усвои одлуката, Регулаторот има право да донесе регулаторна тарифа која општината е должна да ја применува од 1 јануари.

Би можело да ве интересира

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

Орце Костов

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

Орце Костов

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

Орце Костов

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов