РКЕ бара да ја определува и конечната цена за вода

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во натамошниот период ќе побара да ја определува и конечната цена за вода на јавните комунални претпријатија, најави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. Со тоа, како што изјави за МИА, ќе се избегне сложената постапка според која РКЕ носи минимална и максимална цена која потоа ја потврдуваат советите на општините или Владата.

-Сметаме дека ние можеме да го направиме тоа и за водните услуги, бидејќи во изминатиот период во делот на енергетиката сами носиме одлуки за цени и за тарифи. Она што е каркатеристично е дека нашите методолгии се поттикнувачки, односно ги тераат претпријатијата да бидат ефикасни и да си ја оптимизираат својата работа од аспект на трошоци. Интенција ни е да ги научиме да бидат малку оповеќе ефикасни, потенцира Бислимоски за МИА.

Вообичаено е, додаде, кога станува збор за одобрување на цени за водните услуги од советите тие да се лепат на минималната цена не водејќи сметка дали таа цена ги покрива минималните трошоци на претпријатието. Тоа претпријатие доколку не може да ги покрие трошоците преку така определената цена неговите минуси ги покрива или општината или, пак, во некои случаи тоа го прави Владата.

-Ние даваме одреден максимум на трошоци кои може да ги има претпријатието. Доколку успее да ги намали своите трошоци, а при тоа го задржи истиот квалитет на услуги што го дава до крајните потрошувачи, во тој случај таа разлика може да остане кај претпријатието. Доколку ние ги определуваме цените нема да ги признаваме сите трошоци кои ги даваат претпријатијата, бидејќи тие во најголем дел се превработени. Кога ние ќе ја определуваме цената ќе кажеме дека за некоја општина е доволно претпријатието да функционира со точно одреден број вработени и ќе ги признаеме трошоците за токлу вработени. Ако смета претпријатието дека треба да вработи повеќе лица, тоа нема да биде на грбот на потрошувачите преку повисока цена, појасни Бислимоски.

Оваа година, како што кажа, завршува првиот регулиран период.

-Веќе од април до РКЕ почнаа да пристигаат барањата за определување на цени за водни услуги, пред се од претпријатијата кои се водостопанства, односно кои имаат акумулации и обезбедуваат вода за пиење за водоводните претпријатија во сите општини. Пристигнуваат и барањата на водоводните претпријатија или јавните комунални претпријатија во зависност за која општина станува збор. Првичните наши анализи за водостопанствата покажуваат дека нивната цена ќе биде во рамките на постоечкиот опсег за минимална и максимална цена што ние ја носиме. Потоа новата цена ќе треба да ја усвојат нивните управни одбори по што согласно законската регулатива ќе треба да ја достават на одобрување во Владата, рече Бислимоски.

Кај јавните комунални претпријатија, прецизира, управниот одбор на претпријатието го доставува предлогот за нова цена на одобрување до советот на општината по што се одредува новата цена на водата.

Би можело да ве интересира

Струјата поскапува за 7,42 отсто, РКЕ не донесе одлука за цената на парното

Ана Ололовска

РКЕ ќе ги одреди новите цени на струјата и парното греење

Ана Ололовска

РКЕ утре ќе ги одреди новите цени на струјата и парното греење

Ана Ололовска

Без вода корисниците на улицата „Хо Ши Мин“ во Бутел

Ана Ололовска

Прекин на водоснабдувањето кај дел од корисниците во Центар

Ана Ололовска

Плаќање на неплатените сметки за вода на рати и без камата до 31 јули

Ана Ололовска