Ристовски: Пререгистрирани 10.000 невработени, речиси половина не бараат активно работа

Од:

За еден месец повеќе од 10.000 невработени лица веќе се пререгистрирале во Агенцијата за вработување согласно новите законски одредби, од кои околу 4.800 се изјасниле дека не бараат активно работа, а останатите изјавиле дека се активни баратели на работа, информира денеска министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Процесот на пререгистрација, рече министерот Ристовски, се одвива добро и покрај  сомнежите и обидите пред се на некои политички партии од опозицијата да ги демотивираат граѓаните тврдејќи дека Владата сака да ги избрише невработените лица.

Одговарајќи на новинарски прашања на маргините на денешната конференција за социјално претприемништво повтори дека со пререгистрацијата никому нема да му биде одземено ниту едно право, туку дека таа има само за цел да евидентира колку граѓани навистина активно бараат работа.

– Би сакал да ги мотивирам граѓаните да продолжат со своето евидентирање во рамки на Агенцијата соодветно на своето убедување дали сакаат активно да бараат работа или не сакаат. Едноставно ќе се почитува волјата на граѓаните и без разлика дали активно бараат работа или сакаат да бидат евидентирани само за да користат одредени социјални права. Ние ќе го почитуваме тоа во целост и на активните и на пасивните ќе им ги гарантираме сите права гарантирани со устав и закони, рече Ристовски.

За да се направи процесот на пререгистрација неодамна беа донесени законски измени, а таа почна пред околу еден месец.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

Орце Костов

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Влада: Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица

А1он