Револтирани граѓани: Е, ова е апашка држава

Од:

„Е ова е навистина апашка држава, јал не јал, сметки мора да плаќаме. Кај го има тоа да плаќаме за нешто што не го користиме, на Топлификација не и плаќаме, па нека тужи“, вака реагираат револтираните граѓани во А1, кои деновиве, иако се исклучени, по новиот Правилник  добија сметки за парно.

Наместо по десет денари за квадратен метар, колку што требаше да се плаќа, Топлификација им пресметува и до 16,6 денари, во зависност од исклучените корисници.

Од Уставниот суд засега нема најава кога новиот Правилник за топлинска енергија донесен летово од Регулаторната комисија за енергетика ќе се најде пред  уставните судиите.

„Топлификација“ не е меѓу точките на следната седница на 20-ти ноември.

Надлежните од Топлификација и уште најавуваат дека оваа сметка, која ја добија е само половина, а наредната ќе биде двојно поголема.

 

 

 

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Од ноември ќе важи нова одлука за цената на парното во Скопје

Орце Костов