РЕК Битола за првпат во своето 40-годишно постоење има резервен трансформатор

Од:

Во РЕК Битола пристигна трансформаторот кој беше испратен на поправка во Србија, по оштетувањето настанато во пожарот во ноември 2021 година.

„Постројката ќе биде сместена во трансформаторскиот дел на Термоелектраната и ќе се чува како резерва, што е првпат во своето четириесетгодишно постоење, РЕК Битола да има резервен трансформатор кој би можел веднаш да биде ставен во функција со цел непречено производство на електрична енергија“, велат од ЕСМ.

„Трансформаторот на Блок 3 на РЕК Битола беше оштетен во пожар кој избувна заради зголемен напон кој дојде во постројката од преносната мрежа. По неуспешните обиди за негово ставање во функција од страна на стручни лица во РЕК Битола, МЕПСО и експерти од Електротехничките факултети во земјава, трансформаторот беше испратен и успешно поправен во фабриката Комел во Србија.

Во моментов, Блок 3 работи со новонабавениот трансформатор монтиран во јануари“, се наведува во соопштението на ЕСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го уништија РЕК- со набавка и користење на несоодветен увезен јаглен оштетиле блок во комбинатот

ЕСМ оствари добивка од 41 милион евра за 2022 година

Орце Костов

(ВИДЕО) Талевски: Десет дена молк по тешката хаварија на БЛОК 3

Ана Ололовска

Блок 3 на РЕК Битола попладнево ќе биде исклучен од дистрибутивната мрежа

Повторно е вклучен Блок 2 од РЕК Битола

Катерина Павлова-Николовска

Блок 2 на РЕК Битола исклучен во следните две недели