Регулаторна предлага намалување на цената на парното од 1. август

Од:

Регулаторната комисија за енергетика предлага цената за топлинска енергија од 1. август годинава да се намали за 2,82 отсто за корисниците на „Балкан енерџи груп“, 2,12 за „Скопје Север“ и за 0,71 отсто за корисници што се греат преку „ЕЛЕМ – Енергетика“.

Цената, како што истакна претседателот на РКЕ Димитар Петров на денешната прес-конференција, се однесува за симулација за стан со 60 метри квадратни површина со инсталирана моќ од 7,5 киловати и просечна годишна потрошувачка од 9.000 киловат-часови топлинска енергија.

Цента согласно најновите измени на Законот за енергетика ќе важи до 1 август 2014 година, а компаниите ќе можат да побараат нејзино зголемување само доколку им се зголемат трошоците за работа за повеќе од 5 отсто.

Конечната одлука за цената РКЕ треба да ја донесе до крајот на месецов, а како што истакна Петров на денешната подготвителна седница производителите, снабдувачите и дистрибутерите со топлинска енергија немале некои поголеми забелешки на предлогот.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Од ноември ќе важи нова одлука за цената на парното во Скопје

Орце Костов