Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на Марјанчо Николов од СДСМ

Од:

СДСМ ја извитоперува вистината, наведува владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на Марјанчо Николов од СДСМ на која беше побарано да на се плаќа надомест за сервисирањето на фискалните апарати за GPRS терминалот и крипто модулот.

ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека фискални апарати мора да има и истите треба да бидат поврзани со ГПРС уред бидејќи на тој начин се следи прометот во реално време и се намалува сивата економија.

– И кога, Маријанчо Николов, зборува за давачките од 60 евра, треба да каже дека тие давачки не одат во буџетот, туку се за одржување и не се 60 евра за сите туку зависат од договорот со сервисерот. И покрај тоа државата за да им излезе во пресрет на фирмите, донесе законски измени во Законот за регистрација на готовински плаќања, со кој се предвиде еден задолжителен бесплатен сервис годишно, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека  „уште поголема е лагата за казните“ и потсетува дека  во соработка со бизнис заедницата во јули годинава се донесени измени на Законот за прекршоци со кој санкциите се нивелираат во зависност со економската моќ на компаниите. Намалувањето на казните е уште еден чекор кон подобрување на бизнис климата во земјата и овозможува македонското стопанство да продолжи да остварува добри резултати, истакнува ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, вистината е дека во време на СДСМ беа затворени 684 фирми и остави на улица 200 илјади граѓани. – Вистината е дека во време на СДСМ невработеноста беше 38 проценти, а сега е 26,8 проценти и секојдневно се намалува. Во времето на СДСМ не постоеја фискални каси бидејќи ја поттикнуваа сивата економија. И ова е факт, бидејќи иако во времето на СДСМ даноците беа повисоки, приходите во буџетот беа пониски. Сега Македонија има најниски даноци во светот, а приходите во буџетот се повисоки, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов