Размената 9,44 милијарди евра, трговскиот дефицит 1,448 милијарди

Од:

Трговската размена во периодот јануари – јули 2021 година изнесува 9 440 427 000 евра, соопшти Државниот завод за статистика. Извозот достигнал 3 996 058 000 евра што е раст од 34,6 отсто во однос на истиот период лани, а увозот е 5 444 369 000 или 34 проценти повеќе.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2021 година, изнесува 1 448 311 000 евра.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јули 2021 година, изнесува 73,4 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари-јули 2021 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.

Би можело да ве интересира

ОН: Македонците живеат во просек 75 години

Ана Ололовска

Комуналниот отпад по жител во 2020 година 68 килограми поголем од 2016

Ана Ололовска

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за 200 денари

Катерина Павлова-Николовска

Трошоците на живот во октомври зголемени за 0,5 отсто во однос на септември

Ана Ололовска

Зголемени трошоците на живот и цените на мало

Ана Ололовска

Трошоците на живот во јуни поголеми за 2,7 отсто, а цените на мало за четири

Ана Ололовска