Раздор меѓу Меркел и Оланд?

Од:

Иако европските лидери се обидуваат да најдат решение за лошата економска состојба во која се најде еврозоната, тоа не им поаѓа од рака. Несогласувањата продолжија и синоќа, во Брисел, кога за првпат лидерите на Германија и Франција немаа однапред подготвен договор околу нивниот заеднички став во однос на должничката криза.

Како што анализира Ројтерс, ова укажува на поместување германско-француските односи кои се клучни при кроењето на европската политика.

Наместо со Меркел, новиот француски претседател Франсоа Оланд, се сретнал со шпанскиот премиер, Маријан Рахој во Париз, а разговарале за нивните позиции во пресрет на Самиот во Брисел, каде главна тема ќе биде евентуалниот излез на Грција од еврозоната.

Со изборната победа, Оланд прави и промена на полититиките во еврозоната, ставајќи поголем акцент на потребата од економски раст, наместо на кратење на трошоците. Ова гледиште е спротивно од тоа на Меркел, бидејќи Германија поддржува раст, но прво бара штедење и дисциплина во трошењето.

Со новата политика, Оланд би требало да ја добие поддршката од италијанскиот премиер Марио Монти и од Жозе Емануел Баросо, претседател на Европската Комисија. Сепак, Меркел не попушта, пред се во делот на еврообврзниците, за кои таа смета дека може да се разговара дури откако Европа ќе стане цврста монетарна унија.

На страната на Меркел остануваат Холандија, Финска и неколку помали членки кои се дел од ЕУ, со што се создава простор за раздор.

Европските лидери на претстојниот самит ќе разговараат за должничките проблеми на Грција, Португалија, Ирска но и Шпанија која станува се позадолжена со сомнителни кредити.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне