Расте невработеноста во Германија и Франција

Од:

Веќе шест месеци бројката на невработени во Германија расте. Бројот на невработени кои германските статистичари го заокружуваат на 2,9 милиони, во август само за еден месец пораснал а за 11 илјади невработени, а во септември дури 9 илјади лица се додадени на листата на невработени.

Иако стапката на невработеност сеуште се држи на 6,8 отсто, нагорниот тренд ги загрижува германските власти.

„ Економијата е  погодена од кризата, но и покрај тоа општата ситуација на пазарот на труд е стабилна “ – изјавил директор на Државната агенција за труд Франк Југер Вајс.

 

Бројот на невработени пораснал и во Франција. Минатиот месец бројката на невработени пораснала на 3, 011 милиони, што е за девет проценти повеќе отколку истиот месец минатата година. И бројка незапаметена од 1999 година.  Бројот на невработени нагорен тренд бележи во изминатите 16 месеци.

Министерот за труд Михаел Сапинов, во изјава за француските медиуми загрижено рече: „ Лошо е, повеќе од јасно е дека е лошо“. Владата нагорниот тренд на невработени го препишува на режимот на нивниот претходник Николас Саркози.

„Овие три милиони невработени се олицетворение на неуспехот да се усогласат економската криза и социјалната полтика во изминативе неколку години“  – напиша во соопштението француското Министерствот за труд. „Владата ќе истрае во своите намери, што поскоро да превземе реформи„ – се додава во соопштението. Новите информации за невработеноста секако ќе го засилат притисокот врз претседателот Франсоа Оланд, кој на власт дојде пред се поради ветувањата дека ќе ја заживее економијата.

Би можело да ве интересира

Германија повлекува над сто владини службеници од Русија по одлуката на Москва

Брат и сестра осомничени дека со другари го организирале убиството на нивниот татко

Горан Наумовски

ВИДЕО: Илегален фестивал во Франција: Се собраа 30 илјади луѓе, отворено истрага

Хрватска државјанка во Германија убиена од нејзиниот син: „Ја избодев со нож, па повикав брза помош“

Ана Ололовска

Потврдена пресудата: Саркози мора да помине една година во домашен притвор

Ана Ололовска

Драма во Германија: Се урна авион во близина на НАТО писта, загинаа двајцата пилоти

Катерина Павлова-Николовска