Раст од 75 проценти на онлајн трансакциите во првиот квартал од годинава, зголемен и прометот кон домашните е-продавници

Од:

За околу 75 проценти е забележан раст на онлајн трансакциите во првиот квартал од годината, а зголемен е и прометот кон домашните е-продавници за 126 проценти, објави денеска Асоцијацијата за е-трговија, повикувајќи се на податоците од Народната банка за безготовински платежни трансакции до 30 март годинава.

Согласно овие податоци, вредноста на онлајн трансакциите во земјата и во странство изнесува 86,6 милиони евра, што во споредба со истиот период лани кога се реализирале 49,6 милиони евра, претставува пораст за 74,6 проценти. Бројот на направени трансакции бележи пораст од 65 проценти, што значи дека вредноста на просечната трансакција е зголемена. Имено, во првите три месеци од 2021 година реализирани се вкупно 3.228.182 онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 1.954.957 онлајн трансакции во текот на првите три месеци од 2020 година.

За првите три месеци од годинава, граѓаните потрошиле 65,3 милиони евра за онлајн купување од домашни продавници што претставува пораст од 125,8 проценти во однос на истиот период лани. Во вкупната вредност на направени трансакции во овој период, трансакциите кон домашните компании учествуваат со 75,4 проценти.

– Е-трговијата повеќе не е избор, туку неопходност за компаниите да остварат раст и да достигнат до нови клиенти. Пандемијата уште повеќе го нагласи тоа и се повеќе домашните компании се адаптираат отварајќи нов канал за продажба – онлајн. Купувачите од друга страна стекнуваат дигитални вештини и ги менуваат навиките, што се рефлектира и преку трицифрениот раст од 126 проценти во вредноста на реализирани трансакции со домашни картички кон домашни е-трговци. Растат дигиталните вештини, довербата во домашните е-продавници, е-трансакциите и домашната понуда, вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска, која се надева дека овој тренд ќе продолжи.

Заклучно со 30 март годинава во земјава активни се 1.552 виртуелни ПОС уреди. За период од три месеци отворени се нови 93 онлајн продавници. Станува збор за активно регистрирани витруелни продажни места кои се пријавени од страна на петте банки кои во моментов нудат е-трговија како дел од своето портфолио на услуги.

Би можело да ве интересира

Вредноста на онлајн трансакциите во 2023 изнесува 649 милиони евра, информира Асоцијата за е-трговија

Орце Костов

Македонците најмногу пари онлајн потрошиле во Велика Британија

Ана Ололовска

Fashion Group освои седум награди на E-commerce Awards 2022

Ана Ололовска

Македонецот купува онлајн еднаш до два пати во 3 месеци, прави нарачки најчесто до 50 евра, а најмногу нарачува од домашни е-трговци

Ана Ололовска

Македонците најмногу купувале онлајн од Обединетото Кралство, Ирска и Унгарија

Ана Ололовска

Македонците потрошиле 203,1 милиони евра купувајќи од домашни онлајн продавници

Ана Ололовска