Раст од 345 проценти на договорената работа на градежниците во странство

Од:

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во првата половина од годинава изнесува 3.993.844.000 денари, што е за 345,1 процент повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во периодот од јануари до јуни годинава градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 76.725.000 денари, што е за 88,5 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Големиот пад на вредноста на извршените градежни работи се должи на завршувањето на градежните активности на објектите во Босна и Херцеговина на крајот од минатата година.

Во првата половина од годинава е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Германија, Црна Гора и Бугарија.

Би можело да ве интересира

Албански државјанин починал по здобиени повреди при градежни активности во Центар Жупа

Забрана за вршење дејност на 30 работодавачи поради непочитување на мерките за топлото време

Во тетовска Шипковица животите ги загубија двајца градежни работници

Независниот синдикат на градежни работници бара почитување на мерките за безбедност при работа

Ана Ололовска

Независниот синдикат на градежните работници ќе се залага за остварување на работничките права

Наум Локоски